На среќата и нема крај: Сара Мејс и Димитар го открија полот на бебето (ВИДЕО)

 

Познатата македонска пејачка Сара Мејс пред безмалку еден месец откри дека е бремена по вторпат. Пејачката тогаш преку својот инстаграм-профил, со објава од ултразвук од бебето објави дека е бремена.

Сара и нејзиниот сопруг, водителот и маркетинг-менаџер Димитар Атанасовски, по вторпат ќе станат родители.

„Бебе број 2“, (Ако ги броиме и Атос и Бела со @dimitaratanasovski_ , а треба, е тогаш број 4 е“, напиша тогаш Сара покрај објавата од ултразвукот.

Среќните родители вчера преку видео на Инстаграм го објавија и полот на бебето.

Имено, Сара, Димитар и нивната ќеркичка Илина отворија кутија во која се наоѓаа сини балони. Сите тројца со восклик ја споделија убавата вест.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

10.02.2022 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега