На Тик Ток соопшти дека сопругот ја изневерувал цели пет години со нејзината мајка- синот ги фатил на дело (ВИДЕО)

 

 Нејзиното видео стана вирално на „ТикТок“, откако сподели шокантна приказна за тоа како открила ден по нејзиниот 33-ти роденден дека нејзиниот сопруг спиел со нејзината мајка 

Таа ја сподели шокантната приказна за тоа како открила дека нејзиниот сопруг ја изневерувал со нејзината сопствената мајка пет години на „ТикТок“. Едно е да откриете дека вашиот партнер ве изневерува, а сосема друго е да откриете дека има афера со некој од членовите на вашето семејство. Но, токму тоа и се случи на Џејми Вокер, мајка на две деца од Соединетите држави.

- Мојот син налета на мојот сега веќе поранешен сопруг со мајка ми, и тие го правеа она што очигледно го прават во последните пет години. Имаше пресметка, мојот син рече: „Ако не и кажеш, ќе и кажам“ - раскажа таа.

@jwalkersong

The first of many revelations. So many stories. ##ex ##divorce ##narcissism ##husband ##cheating ##affair ##storytime ##story

♬ original sound - jwalkersong

- Мојот поранешен сопруг одлучи дека тој сака да биде оној кој ќе ми го каже тоа, па ме одведе на долго возење што заврши на паркингот во Валмарт, имавме сериозен разговор и ми рече дека тоа трае последните пет години - продолжува тој. Џејми беше погодена од вистината, но таа тврди дека поради финансиски ограничувања, не можела веднаш да го напушти сопругот.

 - Бев во шок и не знаев што да направам. Во тоа време не бев во можност финансиски да се грижам за себе или за децата, па затоа некако се справивме со тоа иодевме на терапијата - признава таа. Семејството подоцна се преселило во Тенеси во обид да го остави минатото зад себе и да започне нов живот - но нејзиниот сопруг не можел да остане верен и наводно повторно ја изневерил, овој пат со 60-годишен соработничка. Двојката конечно се разведе во 2017 година, а нејзиниот сопруг, во меѓувреме, се оженил со соработничката. Во дополнителни клипови, Џејми одговара на горливите прашања на нејзините пријатели - вклучително и како нејзиниот син, кој денес има 25 години, се справил со сето тоа.

- Мојот син, кој во тоа време имаше 16 години и го имаше тоа трауматско искуство  добро се држи, се мачеше малку - тврди Џејми. Таа рече дека нејзиниот син, разбирливо, не е во одлична врска со неговиот татко или баба, но нејзината ќерка сепак има контакт со нејзиниот татко. Џејми исто така се отвори за тоа каква е нејзината врска со нејзината мајка денес, велејќи дека ја раскинала целосно во првите четири години затоа што и требал „простор за лекување“ и не сакала да се справи со неа. Таа додаде дека работите меѓу нив две започнале да се подобруваат во текот на минатата година, но тие сè уште не разговарале за поранешен сопруг, пишува Мирор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2020 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега