На згодната Хелена и нема рамна: Сопругата на Ибрахимовиќ и на 50 години „пука“ од сексапил (ФОТО)
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ужива во магиите на Сен Тропе заедно со семејството, а особено внимание во јавноста привлече неговата 50-годишна сопруга Хелена Сегер.
Иако оваа дама е веќе во шестата деценија, многу помлади припаднички на понежниот пол ѝ завидуваат на фантастичното тело.
Хелена е инаку 11 години постара од Златан. Таа е успешна бизнисменка и многумина сметаат дека таа е заслужна за одличните инвестиции на Златан кои го направија еден од најбогатите спортисти на светот.
Згодната русокоса не сака да се експонира во медиумите, не објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, не се фали со скапоцени парчиња облека, чанти, чевли... а на натпреварите на својот сопруг доаѓа да навива и да го поддржи, а не да биде во центарот на вниманието.
Ибрахимовиќ во едно интервју изјавил дека за него постои само една жена во животот и дека другите не го интересираат, а кога ќе ги погледнете фотографиите од неа ќе сфатите зошто е така.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа