Најбрзиот лек за болно грло и настинка – ќе ве дигне од постела
Овој чај е добар за настинки и кога чувствуваме дека ни е многу студено.
Чувствувате гребење во грлото, ве боли или пак ви е отечено, имате чувство како да имате рана во грлото, болката ќе престане откако ќе го испиете овoj феноменален природен напиток:
Потребни состојки:
1 лимон (исцеден)
250 мл врела вода
1 голема лажица мед
Малку рендан корен од ѓумбир
Постапка:
Измешајте во шолја или чаша сок од исцеден лимон, ситно изрендан ѓумбир, 1 голема лажица мед, па додадете зовриена вода.
Сето брзо измешајте го и веднаш испијте го, не чекајте да излади!
20.10.2021 - 21:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа