Најпознатиот астролог на сите времиња: Овие 3 хороскопски знаци навистина се посебни!

Џун Давитасвили била најпопуларната пророчица на сите времиња. Во СССР ја нарекувале феномен. Често се занимавала и со исцелување, па така лекувала и многу познати луѓе.

Џун најмногу ја паметат по нејзините тврдења дека само три хороскопски знаци се навистина посебни и луѓето што се родени во тие знаци можат да го освојат целиот свет.

Еве за кои хороскопски знаци станува збор…

Овен

Животот на Овните е како ролеркостер, пред сè, поради нивниот посебен карактер. Претставниците на овој хороскопски знак, како што верувала Џун, постојано сакаат сè одеднаш. Но забораваат дека животот не е бајка и дека не се во земјата на чудата. Од друга страна, подготвеноста на Овните на секаков резултат и нивната жртва е огромна гаранција за успех. Овој хороскопски знак е отворен и искрен, неговите припадници се полни со интересни трикови, кои секогаш се подготвени да ги применат – секогаш е интересно со нив.

Лав

Лавот е грабливец. Тој не само што е подготвен да уништи сè што ќе му се најде на патот, туку и знае да чека кога треба. Ако добро познавате барем еден Лав, веројатно веќе знаете колку вешто можат да чекаат и колку тешки може да бидат нивните стратешки игри. Џун забележала дека нивната способност за чекање понекогаш едноставно е неверојатна – може да поминат години во доследно и јасно очекување на моментот додека не ја покажат својата моќна енергија и благодарение на низа активности, на крајот ја добиваат заслужената награда.

Истовремено, Лавовите не се откажуваат додека не успеат. Тие ќе смислат нов план и ќе продолжат понатаму. Способноста на овој знак да преземе контрола над себе е просто неверојатна.

Риби

Џун верувала дека овој хороскопски знак е многу потценет. Навидум тивките Риби, брзо совладуваат сè, не сакаат конфликти и непречено се движат кон својата цел.

И покрај тоа што Рибите изгледаат затворено, во нивната глава всушност се одвива активен мисловен процес. Додека вие се прашувате зошто се толку чудни и дистанцирани, Рибите брзо ја истражуваат целата ситуација и преземаат контрола над апсолутно секого. Секогаш се еден чекор понапред. Тие знаат како да се однесуваат крајно пасивно во ситуација кога другите се расправаат. Тие знаат да заработат пари на начини што никому не би му паднале на памет – тоа е вештина што Рибите ефикасно ја користат.

20.10.2021 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега