Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

 

Во Берово утрово е најстудено - еден степен, а најтопло е во Дојран, 12 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 7:30 часот два степени се измерени во Лазарополе, три во Битола, четири во Струмица, Тетово и во Маврови Анови, пет во Скопје - Петровец и во Демир Капија, шест во Прилеп, Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Претор и Попова Шапка. Седум степени се измерени во Скопје - Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, а девет во Крушево и во Виница.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро со слаб променлив ветер. Утрово е сончево и свежо.

Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 24 степени

30.10.2023 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега