Народната медицина го смета чајот од оваа билка за најмоќен: Помага при многу здравствени проблеми
Еден од најмоќните и најсилни чаеви во народната медицина е чајот од босилек.
Оваа билка не само што е лековита, туку е и многу силен репелент, штити од комарци, ги брка инсектите, но и помага во лекување на убодите од истите.
Босилекот, според зборовите на треварот Момчило Антониевиќ, е многу корисна билка и секој би требало да ја поседува во домаќинството, особено затоа што лесно се одгледува. Можете да ја посадите во саксија и да ја чувате на тераса или во кујната во текот на целата година.
Познат и како „билка на аристократијата“, босилекот помага при хронични воспаленија на синусите, а во комбинација со маточина е многу моќен во решавање на стомачните проблеми, проблеми со нервозен желудник, главоболки и мачнини.
Она што е многу важно кога се подготвува чајот од босилек е растението да не се вари во вода, туку да се прелие со зовриена вода, со што ќе се зачуваат драгоцените лековити својства.
Семето од босилек е подеднакво здраво како и чиа семето, а кога се готви се добива подеднакво геласта структура, па може да се користи во подготовка на смути и здрави протеински напитоци.
Покрај сето наведено, босилекот се користи и како зачин кој одлично одговара со паста, месо, јадења со домати и слично.
Во последно време е популарен виолетовиот босилек кој е многу декоративен, а доколку го одгледувате, не го чувајте покрај зелениот бидејќи многу брзо ќе ја загуби бојата и исто така ќе стане зелен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа