Неколку намирници кои треба да ги користите доколку имате грип

Некои намирници се дел од нашата секојдневна исхрана и не сме свесни дека претставуваат извесна опасност за нас, особено кога ги јадеме во период кога сме настинати или имаме грип.

Еве за кои се работи:

Рафинирани шеќери

Диететичарите советуваат дека кога организмот е болен, не треба да се внесуваат шеќери бидејќи го стимулираат воспалителниот процес во телото.

Алкохол

Алкохолот го дехидрира телото, а тоа воопшто не оди во прилог кога сте болни и настинати.

Кофеин

Кофеинот е диуретик и исто како и за алкохолот, така и во овој случај важи дека не ви треба ништо што стимулира зголемено исфрлање на течности од телото. Ако сепак не можете без кафе, обидете се да го ограничите на само една шолја во денот, без додавање млеко.

Закиселени намирници

Дигестивниот систем кога сме настинати исто така е доста надразнет, па би требало да избегнувате намирници кои се кисели, како што се туршија, кечап, салати со оцет…

Солени намирници

Кога имате желудочни тегоби, избегнувајте да јадете солени крекери. Наместо тоа, земете двопек или оризови галети, бидејќи солта го надразнува и болното грло и дигестивниот систем.

Тост или препечен леб

Ако имате воспаление на грлото, избегнувајте да јадете тврди, препечени намирници, чии ронки лесно се лепат кога ги голтате. Тоа дополнително го надразнува грлото. Наместо суви, јадете ги со јогурт или супа.

Млечни производи

Млечните производи придонесуваат за згустување на секретот и негово потешко исфрлање од организмот.

14.12.2023 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега