Нема настрадани македонски државјани во железничката несреќа во Грција
Во врска со трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случи воГрција, македонското МНР соопшти дека досега не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените има македонски државјани.
Македонската амбасадата во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде се чека на официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.
„Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција“, велат од МНР.
Контактите се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа