Несреќите во Македонија се нижат: Автомобил излета од пат, млада девојка тешко повредена

 

Уште една страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. На полноќ во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато-Тополчани, патничко возило „мазда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 18-годишната Е.М. од Битола, излетало од патот.

МВР информираат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила младата девојка која била пренесена во Клиничката болница во Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

За жал, од почетокот на неделава, има многу сообраќајни несреќи во Македонија. На булеварот Партизански одреди во Тафталиџе 2, на потегот меѓу мостот Обединети нации и Сити мол, во текот на вчерашниот ден се случи страшна сообраќајна несреќа кога беа прегазени жена и дете на пешачки премин. Жената била однесена со автомобил во тешка состојба, детето имало повреда на рбетот и поради сериозноста на повредата, било веднаш пренесено на понатамошно лекување.

Исто така, цистерна вчера вечер излета од коловозот на патниот правец Ростуше - Дебар. За несреќата се очекуваат повеќе детали.

25.03.2025 - 11:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега