Николина Пишек се прости од сопругот: „Некои средби никогаш нема да ги дочекаме“ (ФОТО)
Сопругата на историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, кој ненадејно почина на 44-годишна возраст, водителката Николина Пишек со заедничка фотографија и емотивни зборови се прости од својот сакан.
Имено, Николина објави заедничка фотографија со Видоје на која таа го бакнува додека тој ја гушка.
Таа ја опиша целата тага и болка во прошталното писмо што го напиша и го објави на Инстаграм, а кое го пренесуваме во целост:
– Сакаме вака да те паметиме. Насмеан, весел, во бои, под сонцето. Со сите нас. Да имаше уште вакви моменти… Да не трчавме по друга обврска, по друга прилика, чекавме да се договори нешто друго за да бидеме сите заедно толку среќни. Некои средби никогаш нема да ги дочекаме.
Но, јас сум сè уште богата – и сите ние заедно – богати за сите бесценети моменти со тебе кои би можеле да исполнат три животи. И благодарам за секој од нив. Прости ми и благодарам за секоја тага – и нè изградија. Фала за љубовта. Благодарам на Уна.
– Ќе живееш во секој од нас додека дишеме. И ќе те видиме во твојата Уна и твојата Матеа и знај дека сме со тебе додека тие растат со твојата гордост. Наш си. Патувај и не грижи се…
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа