Николоски: За жал Македонија доби коалиција на лагата, мнозинството кое што се потпиша на оваа кандидатура денес го губи образот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Александар Николоски денеска се обрати на собраниската седница. Николоски пред своето излагања посака на Собранието успешна работа, и се надева дека од оваа зграда ќе излегуваат добри закони кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Република Македонија. 

„Денешниот предлог кој што го имаме тука пред нас за избор на претседател на Собранието е практично плод на политичкото договарање и на коалицијата која што ја слушнавме и се обзнани некаде пред два дена. Оваа коалиција која што е коалиција во најава, и коалиција би рекол на продолжеток, е коалиција на лагата“, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека кога се оди на избори сите кандидати, одат се среќаваат со луѓето, разговараат, се даваат предлози и концепти што ќе се сработи во четиригодишниот мандат и се даваат ветувања. Но она што е најбитно треба сите кандидати да се држат до ветувањата кои ги имаат дадено за време на кампањата. 

 

„Но за жал мислам дека мнозинството кое што се потпиша на оваа кандидатура денес го губи образот. Затоа што едните во кампањата зборуваа дека ќе прават друг вид на коалиција доколку победат, а мислам на СДСМ и нивните коалициони партнери, и дека ќе го пуштат ДУИ во опозиција. А, вторите зборуваа дека ќе направат коалиција единствено само и доколку добијат свој кандидат за премиер, односно за претседател на Владата. И едните и другите на тој начин добиваа гласови“, потсети Николоски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега