Само СДСМ не ги признава изборите - честитки од сите страни за новата Влада
Додека целиот свет ја признава и честита, само најголемата македонска опозициска партија СДСМ не ја признава Владата. Со 77 гласа „за“ и 6 „против“, Собранието на 19-ти јуни ја изгласа новата Влада предложена од мандатарот Никола Груевски, а бројни честитики до македонскиот премиер стигнаа од бројни политичари.
Првиот човек на Обединетите нации Бан Ки-мун, премиерите на Франција, Холандија, Чешка и Унгарија, Мануел Валс, Марк Рут, Бохуслав Соботка и Виктор Орбан се само дел од тие кои му честитаа за реизборот и му посакаа успех во работата на Груевски.
-Ви ги упатувам моите најикрени честитки за обновувањето на вашиот мандат за претседател на владата. Ви посакувам успех во новиот мандат. Особено се надевам дека во текот на вашата влада земјата ќе успее да ги спроведе сите реформи во поглед на нејзиното европско приближување. Бидете убеден господине претседател на Владата дека Франција ќе работи на зајакнување и унапредување на политичките односи како и на билатералната соработка која постои меѓу нашите две земји. Ве молам господине Претседател на Владата да ги примете изразите на мојата висока почит, стои во честитката од францускиот премиер Мануел Валс испратена до премиерот Никола Груевски.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун му го честиташе реизборот на Груевски, посакувајќи му многу успех во спроведувањето на вашите важни одговорни задачи.
-Јас ќе продолжам да сметам на силната поддршка на вашата држава која е под ваше лидерство, во однос на спроведувањето на целите и принципите на Обединетите нации и во нашите заеднички напори за решавање на многу меѓусебно поврзани глобални предизвици. Знаејќи дека многу од тие предизвици бараат цврст регионален пристап, јас сум охрабрен од важноста која ја имате во ускладувањето и градењето на продлабочени добрососедски релации и соработка во Југоисточна Европа, стои во честитката од првиот човек на ОН.
Бан Ки-Мун му порачува на Груевски дека верува оти неговата Влада исто така ќе продолжи со понатамошното јакнење на демократските институции, вклученоста во дијалогот и одржувањето на внатрешните реформи на вашиот пат кон евроатланската интеграција.
-Во таа насока, ве уверувам во посветеноста на Обединетите нации за поддршка на вашата влада и граѓаните во остварувањето на вашите државни приоритети и планови. Исто така сакам да ве уверам дека мојот личен преставник г-динот Метју Нимиц ќе продолжи да работи со вас и вашата Влада да се олесни пронаоѓањето на решение за спорот за прашањето за името кое го имате со Грција. Ве молам примете го екселенцијо уверувањето за моето највисоко почитување, порачува Бан Ки-Мун.
Премиерот на Кралството Холандија, Марк Рут исто така го честита реизборот на Груевски на функцијата премиер на Република Македонија и нагласува дека со нетрпение очекува да се продолжи заедничката соработка на политичко и лично ниво.
-Јас сум убеден дека дијалогот помеѓу ЕУ и Македонија ќе продолжи да зајакнува, со отворањето на нови димензии во годините што доаѓаат.... Ви посакувам многу успех во остварувањето на задачите кои ви престојат, вели Рут.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во својата честитка вели дека е убеден дека овој резултат сведочи за успехот на работата на вашата влада досега, како и ја одразува широката поддршка и доверба во општеството.
-Ве уверувам дека Унгарија ќе продолжи и натаму да е посветена на поддршката на евроатланската интеграција на Република Македонија која ние сме подготвени да ја потпомогнеме на политичко и на ниво на експерти кои би го унапределе процесот, стои во честитката на Орбан.
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка во својата честитка до Груевски изразува убедување дека со неговото претходно искуство ќе придонесе за просперитетот и стабилноста на Република Македонија
-Длабоко ги почитувам врските кои стојат помеѓу нашите држави и постоењето на одлично ниво на соработка. Кога веќе делиме многу заеднички вредности, вклучително интересот за развивањето на европските интеграции како понатамошниот развој на Северноатланска алијанса, постојат бројни области за унапредување на нашата заедничка соработка. Ваша екселенцио, ви посакувам многу успех во вашата работа и со нетрпение очекува продолжување на заедничката соработка во иднина, стои во честитката од Соботка.
Додека целиот свет честита и ја признава убедливата победа, само СДСМ не ги признава изборните резултати и новата Влада. Според позициите на најголемата опозициска партија сите грешат кога ја признаваат и честитаат на новата влада која доби лигитимитет изразен со над 200 илјади гласа повеќе во однос на опозицијата. Позицијата која ја застапуваа Зоран Заев и СДСМ со непризнавањето на Владата и Законодавниот дом ги изолираат и ги прават единствени кои не ги признаваат резултатите од изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа