Во чест на новата куќа заклале петел, од желудникот извадиле злато
Сопругата на Александар Малет од војводинската општина Вршач, ни на сон не се надевала дека во петелот кој што го заклала со цел да ги нагости мајсторите кој што ги ставале темелите на новата куќа, ќе пронајде грутка злато. Аурика која сакала да подготви супа, во желудникот пронашла злато со должина од 1,5 сантиметри и ширина од 8 милиметри. Петелот веројатно додека колвал низ дворот, го собрал и парчето злато, а вакво нешто досега во овој крај никогаш не се случило раскажува Малет.