Вандали дивеат низ Скопје - уништена цветна фигура во паркот „Македонија“

Дежурните работници на ЈП „Паркови и зеленило“ констатирале големи оштетувања на цветната фигура паун во паркот „Македонија“,  на булеварот „Теодосиј Гологанов“.

Од цветната фигура, од делот на опашката  на паунот украден  е цветниот расад,  а недостига и земјата во која биле засадени цвеќињата.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ вчера ги пополниле празните места со земја, а наредниве денови ќе засадат нови цвеќиња.

Град Скопје апелира до граѓаните да не ги оштетуваат цветните фигури и да не ги уништуваат цветните расади  кои ги красат парковите и зелените површини  низ градот. 

01.07.2014 - 17:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега