Ова е најпосакуваниот ерген во светот
Магазинот „Пипл“ го избра актерот Џо Манџанело за најпосакуван ерген во светот.
Како што пишува магазинот, овој латино заводник знае што да бара од жените, но се уште не ја има пронајдено вистинската.
-Јас сум половина Сицилијанец и многу сум страстен. Низ моето тело тече врела крв, па ако не сакате луто тогаш можеби не сте вистинската жена за мене, вели мистериозниот убавец.
Џо е познат по улогата на секси врколак во серијата „True Blood“.
На прашањето кога конечно ќе се смири, овој 30-годишен актер изјави: „Можете да ја почуствувате љубовта уште првата вечер, но не е се во тоа. Таа треба да трае“.
Џо зад себе ги остави познатите ергени како што се актерот Џаред Лето, пејачот Ашер, актерот, Лијам Хемсворт и можеби најдобрата шанса од сите - принцот Хари
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа