Еве уште нешто што ќе ги забавува скопјани: Почнува „Скопско летно кино“

Во Кинотеката на Македонија вечерва ќе почне „Кинотечно скопско летно кино“ со проекција на македонскиот филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов-Изи.

„Скопското летно кино“ кое се одржува во рамки на „Скопско лето“, ќе трае и во наредните денови. Според најавите, секоја вечер од 21 часот ќе биде прикажуван филм од светската кинематографија.

Во галеријата Даут-пашин амам, пак, вечерва од 20.30 часот ќе настапи македонското трио „Академико“, составено од пијанистката Наташа Трбојевиќ, флејтистката Златка Митева и кларинетистот Бранко Павловски.

На програмата се дела од Азарашвили, Кавалини, Саламон, Еванзен и Сен-Санс. 

07.07.2014 - 09:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега