Уште една трагедија на патот Пониква - Кочани: Се преврте автомобил со млади момчиња

Млади момчиња од Кочани утрово биле повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат од Пониква кон Кочани,

Според првичните информации, автомобилот излетал од патот и се превртел. Едно од момчињата со сериозни повреди е пренесено на скопските клиники, додека другите се во стабилна состојба и се задржани во кочанската болница. 

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Минатата недела на истиот пат загина бремена жена.

08.07.2014 - 13:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа