Началникот на полициските „Јастреби“ загинал во хеликоптерската несреќа

Началникот на Одделот за воздухопловна единица на МВР загинал во хеликоптерската несреќа која синоќа се случи во индустриската зона на Струмица, јавува Плусинфо. Освен началникот, во уривањето на полицискиот хеликоптер загинаа уште лица, припадници на граничната полиција.

Според информациите на Плусинфо, тимот на воздухопловната единица, позната како полициски „Јастреби“ вршел транспорт на припадници на граничната полиција. Се уште не се знае како дошло до несреќата.

Од МВР потврдија дека станува збор за нивен хеликоптер и дека се загинати четири лица. Деталите за несреќата ќе бидат соопштени на денешната прес-конференција закажана за 11 часот.

 

11.07.2014 - 11:05
Фото: 
Струмицанет
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа