„Мислевме дека куќите ќе се урнат врз нас“ - земјотресот ги пукна ѕидовите на преспанските куќи

И жителите на Преспа вознемирени од силниот земјотрес кој денеска 13:18 часот го стресе јужниот дел од земјава. Земјотресот, пишува МИА, предизвикал напукнување на некои куќи.

- Вакво тресење на земјата со силна бучава не се случила од поодамна. Помисливме дека куќите ќе се урнат врз нас, коментирале жителите на селата Крани, Љубојно и Дупени, пренесува МИА.

Во преспанскиот регион во серија се почуствуваа и помали потреси.

13.07.2014 - 14:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега