Нуланд: САД силно ќе го поддржуваат процесот во ОН за проблемот со името

САД силно ќе продолжат да го поддржуваат процесот во ОН за решавање на проблемот со името со цел Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и Европската унија. Ова го истакна американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски работи  Викторија Нуланд во изјава по средбата со премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на прашање дали проширувањето се уште останува приоритет за НАТО, Нуланд рече секако, нагласувајќи дека тоа особено се однесува за Македонија. 

14.07.2014 - 14:10
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега