Горан Пандев дополнително ќе вложува во фудбалот во Македонија
Денеска македонскиот репрезентативец Горан Пандев оствари средба со директорот на АМС, Александар Пујовски.
Средбата е резултат на повеќенеделните разговори од двете страни. Пандев денеска ја изложи својата идеја за Фудбалската академија – Пандев која е сопствен влог на Горан.
Се работи за дополнителна инвестиција која квалитативно ќе ја надополни академијата, а со тоа и фудбалскиот спорт во Република Македонија.
ФОТО: 24 фудбал