Хаос во Росоманско - еве колкава штета направи невремето

Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов, изјави дека штетите врз прасковите дрвца кои врнежите од град ги направија во росоманско се околу 50 проценти. 

- Ова се првичните проценки од терен. Штетите не се големи, имајќи во предвид дека мала површина беше зафатена од невремето. Нема пријави за штети од страна на земјоделците до општината. Стотина пријави за штети имало до осигурителна компанија, што значи дека росоманци главно го осигураат своето производство, нагласи Лазов.

Во Росоманско, како најголем регион за производство на праски во Македонија, се произведува еден процент од целокупното светско производство на овој вид овошје. 

25.07.2014 - 15:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега