Груевски: Проактивната поддршка на Италија значајна за евроинтеграциите

Евроатланските интеграции остануваат приоритет во работата на Владата. Италијанското претседателство со ЕУ е значајно за регионот во актуелниот контекст по европските избори, а важна е и проактивната поддршка на Италија на напорите на Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Ова го истакнал премиерот Никола Груевски на денешната средба со министерката за надворешни работи на Република Италија, Федерика Могерини, заблагодарувајќи се за досегашната поддршка на Италија во однос на овие суштински процеси.

Премиерот Груевски ја истакна заложбата за продлабочување на економската соработка, како и проширување на секторската соработка.

- Премиерот Груевски истакна дека Италија е мошне значаен трговски партнер, и досега земјата има позитивно искуство од реализацијата на неколку инвестиции што докажува дека има потенцијал, кој може да биде искористен во насока на јакнење на трговските и економските односи меѓу двете пријателски држави. На средбата беа истакнати и полињата каде може да се соработува, потенцирајќи ја областа на трговијата, енергетиката, земјоделството и образованието, се вели во соопштението.

 

25.07.2014 - 16:03
Фото: 
kurir
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега