Врие од туристи - Македонците главни на Халкидики

И оваа година македонските туристи го запоседнаа грчкиот полуостров Халкидики. Како што пишува Канал 5 речиси да нема место, уличка, балкон од каде не се слуша македонскиот говор. Со години најатрактивната летна дестинација останува избор број еден за летување не само за Македонците туку и за Србите, Русите и Англичаните. За сите нив на прво место е убавото мирно море, но и близината со урбаните градови. Имено, Халкидики се наоѓа на само 70 километри од Солун.

Според туроператорите, цените на сместувањата годинава не се променети. Во шпицот на сезоната, најевтината понуда за девет ноќевања во Грција чини околу 260 евра.

27.07.2014 - 14:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега