Честитка од Груевски по повод Рамазан Бајрам

 

Претседателот на Владата, Никола Груевски, упати честитка по повод Рамазан Бајрам.

            - Почитуван Поглавар на Исламската верска заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, чест ми е, Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам, вели Груевски.

            Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам и сите други месеци од годината да ви бидат исполнети со вредностите и благодетите на најблагородниот и најсреќниот месец за Вас, месецот Рамазан. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.Да ги искористиме религиите и верските учења за убави нешта, за продолжување на столетната традиција на пријателство, единство и хармонија, како основа за забрзан економски, културен и сеопшт развој на Република Македонија. Тоа е единствениот пат кој води кон подобар животот на нашите граѓани, во секој дел на државата, во секое поле и од секаков аспект. Ние силно работиме на оваа агенда и уверен сум дека заеднички ќе продолжиме да чекориме по истиот пат, стои во честитката.

 

27.07.2014 - 15:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега