Минстерот за одбрана за враќа на голот на ракометната репрезентација

 

Селекторот на машката ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави списокот на ракометари за настап во двата квалификациски дуела против Швајцарија и Португалија за пласман на Европското првенство во Данска во 2014.

На списокот од 26 ракометари кои се во комбинација да настапат на квалификациските мечеви се наоѓаат и голманот Борко Ристовски, кој беше изоставен од последниот дуел кој нашата репрезентација го одигра на гости во Шпанија. Покрај него, на списокот е и Радослав Стојановиќ, кој последните настапи за репрезентацијата ги имаше на СП во Хрватска во 2009. Тој беше  изоставен од селекцијата поради конфликтот со тогашниот селектор Темелковски кој се случи токму на Мундијалот во Хрватска.

Покрај Ристовски и Стојановиќ на поширокиот список се и голманите Даскалоски и Митревски, крилата Алушевски, Ојлески, Недановски, Темелков и Златко Мојсовски, бековите Кире и Филип Лазарови, Наумче  Мојсовски, Јоновски, В.Маркоски, Миркуловски, Ангеловски, Мајнов, Кузмановски, Левов, Стојановиќ , Пецаковски, Никола Стојчевски, Јовчевски и Чаневски и кружните напаѓачи Димовски, Стојанче Стоилов и Никола Марковски.

За пласман на ЕП на македонските ракометари им се потребни две победи, но и Португалија да изгуби на домашен терен од Шпанија.

Македонската репрезентација го игра првиот натпревар на 12 јуни против Швајцарија на гостински терен, а на 16 јуни на домашен терен во спортската сала Борис Трајковски ќе игра против Португалија.

најчитано сега