Половина од македонските Албанци не живеат во Македонија

 

Меѓу 150 и 200 илјади Албанци се водат со место на живеење во Македонија но „привремено работат во странство“. Членот на пописната комисија, кој на успеа да го спроведе пописот во 2011 година. Абдулменаф Беџети, во емисијата Патот кон на Алсат призна дека пописот во 2011 пропаднал поради опасноста, процентот на Албанци во Скопје да падне под 20%
„Првата критична точка беше намалувањето на цензусот во градот Скопје. Со одредбите што ги предвидовме со Правилникот и начинот на реализирање, Скопје не би имало веќе 20,8% Албанци, колку што имаше со пописот од 2002-ра.  
Прва опасност беше цензусот во Скопје да падне под 20%, а знаеме дека не е така, бидејќи Државниот Завод за Статистика секоја година известува колку е природниот прираст на населението, изјави Беџети за Алсат.
Тој вели дека доколку пописот бил реален, односно доколку би се броеле и Албанците кои не живеат во Македонија повеќе од една година, тогаш во Скопје би имало околу 24% граѓани од овој етнички состав. 

„Секако дека се загрозуваше одреден број на населението, врз основа на определбата со пописот да не се опфати една група од населението која е сигнификантна за Македонија. Станува збор за 150 до 200 илјади Албанци кои според статистиката живеат тука. Во Македонија имаат место на живеење, но привремено работат во странство. И замислете оваа бројка да не се прифатеше да биде дел од вкупното население - колкава би била бројката на албанската етничка заедница на државно ниво“, вели Беџети.

Трендот на исселување на граѓаните на Македонија во потрага по подобар живот, не е одлика само на албанскиот етнички состав. Голем број Македонци во последниве неколку години, во потрага по работа или образование ја напуштиле земјава. Бројката од 150 до 200 илјади Албанци кои само на хартија живеат во Македонија е сериозна. Ако се има предвид дека земјава брои околу 2.000.000 жители, тогаш околу 10% од етничките Албанци воопшто не живеат тука, што е нешто помалку од половина од вкпната бројка.

најчитано сега