Малолетниците без родителска грижа бесплатно ќе се возат во автобусите на ЈСП

Градот Скопје ги информира полнолетните лица, не постари од 27 години, без родители и родителска грижа дека Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје, во пресрет на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на состојбата на децата без родители и родителска грижа, од 1 август 2014 година ќе ја намали цената за 50% на месечениот билет за јавен превоз во градот Скопје, како и на билетот за превоз на жичницата на Водно. Децата до 18 години без родители и родителска грижа ќе можат бесплатно да ги користат услугите на Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје.

Сите заинтересирани треба да ги приложат следниве документи за купување месечен билет:

1. Барање за издавање месечен претплатен билет (Образец бр.2-3 ЈСП/ www.jsp.com.mk);

2. Една  фотографија, во прилог на Барањето ;

3.  Потврда, издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени;

4.   Лична карта на барателот.

Потребни документи  за купување  билет за жичницата:

1.  Потврда  издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална  работа или од домовите каде што биле згрижени;

2.   Лична карта на барателот или со приложување на месечниот билет за јавен превоз.

Сите заинтересирани, потребните документи треба да ги поднесат во продажното место на ЈСП-Скопје во Автокоманда на бул.,,Александар Македонски бр.10,, каде што ќе можат и  да го  подигнат билетот.

 

30.07.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега