Тешко повреден малолетник - возач со мопед го прегазил и избегал

 


Вчера околу 21:10 часот во СВР Куманово, е пријавено дека на регионалниот пат с.Лојане-Граничен премин Миратовац, кај с.Лојане, општина Липково, мопед удрил во 13-годишник од с.Лојане, општина Липково по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на мопедот.

28.08.2025 - 15:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега