Капело останува селектор на "Зборнаја"
Италијанскиот фудбалски стручњак Фабио Капело ја задржа селекторската функција во руската репрезентација и покрај тоа што Русија беше елиминирана уште во групната фаза на Мундијалот во Бразил.
Ова денеска го потврди самиот Капело кој за локалните медиуми изјави дека имал успешни преговори со раководството на Рускиот фудбалски сојуз.
Капело има актуелен договор со РФС до завршувањето на Светското првенство 2018 година кое треба да се одржи токму во Русија.
При евентуален предвремен прекин на договорот од страна на Русите, на 68-годишниот Италијанец ќе треба да му бидат исплатени 25 милиони евра оштета.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа