Надал се повреди - неизвесен настапот на УС Опен
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради повреда на зглобот на раката ќе ги пропушти турнирите во Торонто и Синсинати, а под знак прашалник е и неговиот настап на УС Опен.
Шпанецот ја повреди раката на тренинг и по консултации со лекарскиот тим одлучено е да направи дваесетдневна пауза.
- Се повредив, а по направените прегледи во Шпанија донесена е одлука да направам пауза, изјави Надал.
Грен слемот УС Опен во Њујорк почнува на 25 август, а претходно се АТП турнирите во Торонто и Синсинати на кои шпанскиот тенисер нема да ги брани трофеите освоени минатата година.
31.07.2014 - 10:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа