Останува во Неготино - возачот кој ја предизвика сообраќјката кај Удово не може да се врати во Србија

Дваесет и едногодишниот Рајко Радуловиќ од Ниш учесник во сообраќајката која деновиве се случи кај Демир Капија при што загина осуммесечно бебе, а седуммина патници беа повредени, откако излезе од болница  ќе мора да остане во Неготино и секој ден  да се јавува во полиција, на одлука на неготинскиот суд на барање на обвинителството, информираше Аце Ангелковски, претседател на Основен суд Неготино.

- На возачот на фиестата му се одземени личната карта, пасошот и возачката дозвола и тој ќе престојува во Неготино, тоа се мерките на претпазливост кои беа донесени согласно на законот, соопшти Ангелковски. 

Тешката  сообраќајка се случи  на патот Демир Капија - Удово. Загина осуммесечно бебе, а повредени беа  уште седум лица во директен судир на две возила со српски регистарски таблички.

31.07.2014 - 10:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега