Две деца од Скопје прободени со нож во Охрид
Две момчиња од Скопје на возраст од 17 и 19 години се повредени во тепачка на две групи која синоќа се случила во Охрид.
Од полицијата информираат дека јавниот ред и мир бил нарушен од страна на две групи на млади лица кои меѓусебно се степале. Во тепачката убодни рани со нож им биле нанесени на скопјаните К.П.Т. (19) и Ф.К.(17).
Двајцата повредени биле пренесени во Медицински центар Охрид каде по извршена хируршка интервенција се задржани на лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.
01.08.2014 - 12:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа