Се искршија два автомобила кај Бигорски - жена тешко повредена
Педесет и седум годишна жителка на Врапчиште, гостиварско е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи околу 11 часот на регионалниот пат Маврвови Анови-Дебар, во близина на Бигорскиот манастир откако се судриле „Рено-Кангу“ со гостиварски ознаки и „Опел-Зафира“ со турски регистерски ознаки.
Според информациите на СВР Тетово, сопатничката во Реното Р.Е. се здобила со потешки повреди на ’рбетот по што била пренесена на Скопските клиники, додека возачот З.Е. (60) имал повреда на една рака. Во „Опелот“ во кој покрај возачот А.О. (65) имало и шест патници, само две лица имале полесни повреди, кои откако им е пружена медицинска помош во Гостиварската болница, се пуштени на домашно лекување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа