Трагедијата нема крај: Почина кумот на осомничениот за сообраќајката во која загина бебенцето

 

Трагедијата по страотната сообраќајна несреќа кај Удово дефинитивно нема крај. Според српските медиуми , вчера во Неготино ненадејно починал кумот на возачот на фордот фиеста , Рајко Радојковиќ од Ниш кој дошол во посета заедно со мајка му на момчето, кому судот му одреди мерка притвор како осомничен за трагичната сообраќајна несреќа во која загина осумесечното бебе Андрија и неговиот 24-годишен чичко.

Денеска нивните посмртни останки ќе бидат погребани во Чуприја.

Мајката на бебето се уште е во критична состојба и длабока депресија.

02.08.2014 - 10:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега