Изгоре фабриката за сунѓери во Кратово
Пожар избувна во фабриката за сунѓери во Кратово. Како што јави Канал 5, нешто пред 22 часот избувнал пожар во фабриката „Силпен“, која се наоѓа во близина на Крива Река – Кетеново, во Кратово.
За среќа нема повредени, но причинета е материјална штета.
Првичните информации говорат дека причина за пожарот била дотраената електрична инсталација.
02.08.2014 - 10:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа