ФОТО: Во Гевгелија вриело од мигранти од Авганистан

 

Царинските инспектори утринава во еден часот по полноќ на патниот правец Гевгелија - Смоквица спречија обид за нелегална миграција на петнаесет лица.

- Царинските инспектори за преглед за контрола запреа товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки. Во моментот кога од возачот е побарано да го отвори товарот тој се дал во бегство, ја прескокнал жичаната ограда покрај автопатот и се одалечил од местото. При прегледот на возилото во делот за товар пронајдени се 15 лица кои не поседувале никакви документи за идентификација. Според нивните изјави 14 се од Авганистан и едно лице од Еритреа, соопшти Царинската управа.

За случајот веднаш се известени надлежните служби од Министерство за внатрешни работи, кои по итна постапка ги превзеле откриените мигранти и возилото за понатамошно постапување.

02.08.2014 - 15:44
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега