Потресно: Мајката се уште не знае дека бебето починало - таткото не може да оди на погреб

 

Телата на осуммесечниот Андрија Маринковиќ и неговиот чичко Никола Маринковиќ кои загинаа во страотна сообраќајка и го завија регионот во црно, пренесени се од Скопје во Чуприја и денеска ќе бидат заедно погребани. Најмладиот член на семејството, Андрија ќе биде погребан покрај својот чичко, а тагата да биде поголема, на неговото последно испраќање нема да присуствува неговиот татко кој има повреди на чичмата.

-Драган остана во скопската болница, во која постојано ја надгледува својата жена Марија и постариот син Матија. Болката и тагата која тој ги чувствува се неописливи, посебно поради тоа што нема да присуствува на погебот на синот и братот. Незнам од каде му е силат, вели роднина за српскиот Курир.

Марија Маринковиќ на која во судирот и е скршен вратниот дел од кичмата и понатаму е во болница, а лекарите по седум дена успеаја да ја стабилизираат нејзината состојба.

- Нејзините повреди се тешки и беше во критична состојба, но сега е малку подобро. Свесна е, но и понатаму не знае дека бебето и деверот и починаа. Единстевена светла точка во целата трагедија е што Матија е добро и успешно заздравува после операцијата на бутната коска и карлицата- вели соговорникот на Курир.

 

03.08.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега