Не им се допаднало што има македонска музика па го демолирале кафулето - драма на Бит Пазар
На полноќ се случувала вистинска драма во кафе барот „Њу Орлеанс“ на улицата Бит-Пазарска. Според податоците на полицијата, откако едно засега непознато лице дошло во кафулето, започнало врбална расправија барајќи да не се пушта македонската музика. Потоа, гневнот гостин си заминал од кафе-барот, но подоцна се вратил со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така започнале вербална расправија, по што се разбесниле и искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на ДиЏејот. Кога вработената сакала да се јави во полиција насилниците и го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата.
Полицијата работи на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа