Од играчка-плачка: Кратовчанец се забавувал пукајќи во воздух па се самоповредил

 

Кратовчанец се забавувал пукајќи во воздух, па за малку ќе заминел во смрт. Се работи за 31-годишниот С.Н. од Кратово кој заедно со три години помладиот О.И. на улицата „Св. Ѓорѓи Кратовски“ во угостителски објект извадиле пиштол, што го поседувале без одобрение. С.Н. испукал еден куршум оштетувајќи го стаклото на објектот, а потоа заминал во домот на О.И. по што двајцата со „фолксваген венто“ се упатиле кон Куманово, а додека се движеле со возилото, С.Н испукал уште два куршуми во воздух. Потоа испукал уште еден куршум со кој несакајќи се самоповредил во пределот на левата подколеница.

Двајцата кратовчани потоа застанале кај местото викано „Рампа“ каде С.Н го оставил пиштолот и продолжиле кон Куманово. О.И. го однел пријателот во Медицинскиот центар во Куманово за укажување лекарска помош, а настанот не го пријавил во полиција. 

05.08.2014 - 12:26
Фото: 
евести
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега