Несреќа во Велес: Повредени двајца работници
Двајца работници се здобиле со повреди при изведување работи на новиот објект - маркет на трговската фирма „Жито“ во Велес.
Несреќата се случила вечерва околу 20 часот, кога од скела паднале тројца работници, од кои двајца се здобиле со повреди. Повредените биле вработени во фирмата „Макстем Графика“-Скопје.
Едниот од работниците поминал со полесни повреди, а другиот работник 38 годишниот Зоран Георгиев се здобил со повреди на два слабински пршлени, информира за МИА хирургот д-р Кире Марковски од велешката градска болница.
По укажаната прва помош поради сериозноста на повредите, нагласи д-р Марковски, пациентот е пратен на понатамошно лекување во скопските клиники
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа