Уапсени насилниците кои не сакаа да ја слушаат „Распукала Шар Планина“ во Скопската чаршија

 

По спроведените истражни дејствија полицијата пронајде двајца од напаѓачите на кафе барот  „Њу Орлеанс“ во Старата Турска Чаршија.

Напаѓачите се препознаени од гости очевидци на инцидентот  кој започнал откако еден млад човек побарал да се намали музиката во кафе барот а откако бил одбиен се вратил со уште двајца насилници со кои искршиле неколку прозорци и аудио техника.

Во инцидентот тие искршиле и мобилен телефон на еден од вработените кој се обидел да повика полиција.

Против напаѓачите полицијата ќе поднесе соодветни пријави за нарушување на јавен ред и мир и за уништување на имот.

За среќа инцидентот кој што како што првично беше соопштено имал етничка природа и настанал поради пуштање  македонска музика не предизвика посериозни тензии во Турската чаршија која останува едно од најпопуларните места за излегување во главнито град.а

06.08.2014 - 20:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега