Ова е најубавата вест што ќе ја прочитате за викендов

Во Македонија во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели понекаде ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 35°C. УВ индекс 8.

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 32°C. УВ индекс 8.

Во недела ќе биде сончево и топло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер. Утринската температура од 12°C до 21°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C односно до 37°C. УВ индекс 8.

Во понеделник во Македонија тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 28°C до 38°C. УВ индекс 9.

08.08.2014 - 23:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега