Вардар и Металург во финалето на "Струга 2014"

 

Македонските гиганти Вардар и Металург ќе играат во финалето на овогодинашниот ракометен турнир „Струга 2014“ откако синоќа Вардар ја совлада Металопластика, а Металург го постигна посакуваниот резултат совладувајќи го убедливо полскиот Азоти Пулави со 33:26 (15:17).

Иако Металург во првото полувреме се мачеше и бркаше негатива од 2 до 4 гола разлика и отиде на полувреме со негатива од 2 гола (15:17), сепак во второто полувреме четата на Лино Червар почна фуриозно и од минута во минута ја зголемуваше предноста. Во  48-та минута ги достигна посакуваните 5 гола разлика, 27:22 за брзо потоа да ја достигне и својата  најголема предност  во 51-та минута 32:22.

Најдобар играч во редовите на Металург со седум постигнати гола е Лука Циндриќ, а најефикасен беше Дејан Манасков со девет голови. додека кај Азоти Пулави најдобар беше Никола Прце.

Според епилогот од вчерашните натпревари денеска во 17 часот и 30 минути во борба за 5 - тото место ќе се сретнат Металопластока и Кретеј на Борко Ристовски. За 19 часот и 15 минути е закажан натпреварот за 3-тото место меѓу Сант Петерсбург и Азоти Пулави и дерби дуелот на македонскиот шампион и бранител на трофејот во Струга од минатата година Металург и екипата на Вардар е предвиден за 21 часот.

16.08.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега