Најдобриот бразилски фудбалер се жени на 73 години
Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле по трет пат ќе стапи во брак.
Британскиот весник „Сан“ пишува дека тој наскоро ќе се ожени со Марсија Сибел Аоки, со која е во врска од 2010 година. Марсија е бизнисменка, а од својот вереник е помлада 32 години.
Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, веќе двапати беше во брак. Со првата сопруга Розмари ги има ќерките Кели и Џенифер, како и синот Едињо, а со другата Асирија близнаците Џошуа и Селест.
Добитникот на Златната топка за животно дело има најмалку две вонбрачни деца. Со куќната помошничка ја доби ќерката Сандра, а со една новинарка ќерката Флавија. Неговиот син Едињо е осуден на над 30 години затвор поради перење пари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа