Федерер против Ферер во финалето на Мастерсот во Синсинати
Швајцарецот Роџер Федерер и шпанскиот тенисер Давид Ферер ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во американскиот град Синсинати.
Федерер во полуфиналето го победи Канаѓанецот Милош Раониќ со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3.
Шпанецот во полуфиналната фаза беше подобар од Жилиен Бенето исто така во два сета со 6:3 и 6:2.
Финалистите досега меѓу себе одиграле 15 пати и во сите 15 мечеви како победник излегол Федерер.
Почетокот на финалето во Синсинати е вечер во 22 часот.
17.08.2014 - 10:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа