Ивановиќ ќе игра против Вилијамс во женското финале во Синсинати

 

Српската тенисерка Ана Ивановиќ ќе игра во финалето на Мастерс турнирот во Синсинати (САД) против домашната тенисерка Серена Вилијамс.
 
Ивановиќ во финалето се пласира по победата над Марија Шарапова (Русија) во драматичен меч со 2-1, по сетови 6:2, 5:7 и 7:5.
 
Првиот женски светски рекет Вилијамс во полуфиналето беше поуспешна од Каролин Возниацки (Данска) исто така со 2-1. По сетови резултатот беше 2:6, 6:2 и 6:4.
 
Финалниот меч ќе се одигра вечер во 20 часот.

17.08.2014 - 12:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега