Со само 17 години ќе вози болид во Формула 1

 

Младиот Макс Ферстапен, син на поранешниот возач на Формула 1 Јос Ферстапен,  моментално има 16 години, а ќе дебитира во тимот на Торо Росо во 2015. година со 17 години и 164 денови.

Тој ќе биде цели две години помлад од моментално најмладиот возач, Шпанецот Алгерсуари кој во 2009-та година дебитираше во Формула 1 со 19 години и 125 денови.

Ферстапен го привлече вниманието на големите тимови со своите возења во Формула 3, победувајќи на седум трки.

Постариот Ферстапен е најпознатиот Холанѓанец во Формула 1, каде возеше за Бенетон, Симтек, Футворк, Тирел, Стјуарт, Ероуз и Минарди. За девет години и 106 извозени трки, најдобриот резултат го оствари во дебитантската сезона со две трети места во Унгарија и Белгија.

 

19.08.2014 - 11:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега