Суарез вети дека нема веќе да каса противнички играчи
Барселона на претставувањето на своето најголемо летно засилување откри дека на Ливерпул му платила 81 милион евра . Црвените барале 12 - 13 милиони повеќе, но тоа што Суарез го касна Кјелини и помогна на Барса да помине поефтино во овој трансфер.
Луис Суарез на прес - конференцијата јавно им вети на навивачите и на сите љубители на фудбалот дека веќе нема да ги гризе противничките играчи.
- Немојте да се грижите, тоа нема да се повтори. Казната е таква каква што е. Имам два месеци да се подготвам и се надевам дека ќе бидам на располагање за натпреварот против Реал Мадрид (26. октомври), изјави Суарез.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа